Премиерлигашот Евертон се соочи со ново одземање на бодови поради прекршување на финансиските правила за сезоната 2022/23. Овој пат тимот од Ливерпул беше казнет со два бода за вкупно осум додавајќи ги и претходните шест со што одново се најде во зоната за релегација.
По одлуката Евертон се огласи со соопштение во кое ја прифати казната, но изрази и загриженост за неконстантноста по прашање казнување со одземање на бодови.
„Во јануари 2024 година, Евертон е оптужен за прекршуање на финансиските правила и правилата за одржливост и профит за периодот на сезоната 2022/23.
Случајот се најде пред Комисијата на Премиерлигата која денеска соопшти дека ќе бидеме казнети со одземање на два бода. И покрај тоа што ставот на клубот беше да не се применува ново казнување, задоволни сме од фактот дека Комисијата усвои најголем дел од доказите кои ги претстави клубот, вкучувајќи го и концептот на двојно казнување, околностите во кои клубот се најде сред војната во Украина и високото ниво на соработка која ја имавме.
Евертон останува посветен на соработката со Премиерлигата по сите прашања во врска со финансиките правила, но во исто време сме и многу загрижени за неконстантноста по прашање казна со одземање на бодови“, стои во дел од соопштението.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА