Пливачот Евгениј Поп Ацев со третото место во Светскиот куп во маратонско пливање го заслужи признанието за најдобар спортист на Скопје за 2018 година во изборот што го прават Градот Скопје и Сојузот на спортови на Скопје.
Поп Ацев ја доби наградата пред кикбоксерот Бобан Илиоски и пред каратистот Дејан Недев. Меѓу десетте најдобри се и капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, таеквондистот Дејан Георгиевски, каратистот Ненад Келебиќ, атлетичарот Дарио Ивановски, борачот Фати Вејсели и атлетичарките Адријана Поп Арсова и Дрита Ислами.
Наградата за најуспешен тренер ја понесе Бошко Заборски, тренерот на карате клубот Макпетрол. Најуспшена екипа во главниот град е европскиот женски ракометен вицепрвак, Вардар.
Признанијата за најдобри во младинските категории се за каратистот Фахик Весели, таеквондистката Анамарија Георгиевски и џудистот Хамза Јашари.
Најуспешен спортист во категоријата за лица со посебни потреби е Стоилко Стоицев кој годинава го искачи највисокиот врв во Европа Елбрус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА