Во Скопје се одржа седмото издание на хуманитарната трка „ЕВН РАН 2025“, на која учество зедоа речиси 400 вработени во групацијата ЕВН Македонија.
Учесниците заеднички истрчаа 2.142 километри, со што беше собрана рекордна сума на средства за донирање.
Оваа година собраните средства се наменети за поддршка на лица со дијабетес, за активности кои промовираат здрав живот, како и за поддршка на семејства во процесот на надминување на предизвиците со неплодноста.

„EVN RUN“ и оваа година ја потврди својата цел – преку спорт, солидарност и заедништво да се поттикнува хуманоста и да се поддржуваат ранливите категории во општеството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

