Патрис Евра ќе стави крај на својата авантура во Јувентус, ќе го напушти италијанскиот првак и ќе се врати назад во Франција. Олимпик Марсеј ќе биде новиот клуб на францускиот лев бек, откако искусниот дефанзивец ги договори сите услови за својата преселба на „Велодром“.
Евра ќе се пресели во Марсеј како слободен играч, откако постигна договор за прекин на соработката со „старата дама“. Тој не беше дел од плановите на Масимилијано Алегри сезонава, губејќи го првотимскиот статус од Алекс Сандро, во меѓувреме пред него шанса добиваше и Асамоа, па неслучајно Французинот инсистираше да му биде дозволено да ги смени клупските бои. Тој во текот на утрешниот ден ќе ги мине лекарските прегледи во Марсеј, по што ќе следи и официјален потпис на 18-месечниот договор со Олимпик.
Италијанските медиуми најавуваат дека Јувентус ќе тргне во офанзива по Сеад Колашинац, левиот бек на Шалке кој е достапен за отштета од пет милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА