Искусниот крилен дефанзивец, Патрис Евра ја заврши италијанската авантура во шампионот Јувентус, а денеска е претставен како ново засилување за Олимпик Марсеј.
Тој ги помина медицинските прегледи и потпиша 18-месечен договор со клубот од „Велодром“. Некогашниот француски репрезентативец оваа сезона не беше во плановите на стратегот на „бјанконерите“, Масимилијано Алегри, па реши да ги промени клупските бои и да се врати во Франција.
Тој претходно во кариерата долги години настапуваше за Манчестер јунајтед, а во Франција беше член на Ница и на Монако.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА