Поранешниот француски фудбалер Патрис Евра дека расизмот во Серија А не се разликува многу од тој во Премиер-лигата.
„Ја сакам Англија живеев долго таму. Не можеме луѓето во Англија да ги наречеме расисти исто како тие во Италија. Но, кога ќе дојдат на стадион почнуваат да се однесуваат како животни, го користат секое средство како би помогнале противникот да изигра најлошо што може“, вели Евра.
Евра со Манчестер Јунајтед шест пати славеше во Премиер-лигата, а еднаш ја освои и Лигата на шампионите, додека со Јувентус трипати се радуваше на Скудетото.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА