Кристијано Роналдо се пресели од Реал Мадрид во Јувентус со цел на торинскиот клуб да му ја донесе долгопосакуваната титула во Лигата на Шампионите, но откако три сезони не успеа во својата намера ги промени клупските бои и се врати во Манчестер Јунајтед.
Престојот на Роналдо во Италија не беше како оној во Шпанија па Португалецот често беше „виновникот“ во очите на медиумите, а за оваа тема говореше и неговиот пријател и воедно поранешен соиграч, Патрис Евра.
„Роналдо бара почит, а во Јувентус беше „жртвено јагне“. Нему му е потребно внимание и почит, а критиките кои ги доживуваше во Италија од медиумите беа смешни и лицемерни. И Алегри погреши на прес-конференцијата за медиуми кога кажа дека Роналдо нема да настапи на секој натпревар. Немаше потреба тоа да го говори во јавноста. Како и да е, единствената љубов на Кристијано е Манчестер Јунајтед“, изјави Французинот.
Кристијано Роналдо за Јувентус одигра 134 натпревари на кои постигна 101 гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА