Евра се кае: Жалам што играв за Франција!

Прославениот фудбалер на Манчестер јунајтед и француската репрезентација, Патрис Евра за време на посетата на Африка, при средбата со првиот човек на фудбалот во Гана се појави со бомбастична изјава која ја изненади француската спортска јавност.

Евра цели 12 години настапуваше за Франција, носејќи ја и капитенската лента, за да сега изјави дека се кае што играл за оваа репрезентација.

„Би постапил сега поинаку ако може да го вратам времето, а тоа дека би го избрал Сенегал пред Франција. Сега да сум би играл за земјата во која сум роден, а не во онаа во која израснав“ – вели Евра, и дополнува:

„Со сигурност да може да го вратам времето би го избрал Сенегал. Кога бев млад, моите родители ми дадоа шанса да ја изберам селекцијата на Франција, земјата во која пораснав. Сега сфаќам дека изборот на земјата носеше политички последици. Една од болните лекции кои ги научив е дека кога победуваш за Франција си Французин, но кога губиш, ти си Сенегалец. Треба да ги учиме младите деца од Африка дека подобро е да настапуваат за сопствените земји, младите генерации можат да бидат успешни настапувајќи за земјата од која потекнуваат“.

Се вчитува...