Евра: Со 13 години продавав дрога, јадев „биг-мекови“ што луѓето ги фрлаа во ѓубре

Своевремено еден од најдобрите леви бекови Патрис Евра, се што оствари во фудбалската кариера добива уште поголемо значење со оглед на неговата приказна околу детството во Сенегал.

Евра е роден во Дакар во семејство со дури 24 деца, од кои две починале. „Кога татко ми си замина и го напушти семејството, настана хаос“, се сеќава Евра.

На 13-годишна возраст бил жртва на сексуален напад.

„Тоа имаше огромно влијание на мојот живот. Се срамам со самиот себе. Кога не веруваш на авторитетите, а тоа беше мојот професор, не веруваш никому“, откри минатата година Евра.

Сега во емисија во Би-Би-Си откри уште некои детали.

„Работев три работи пред да почнам да играм фудбал. Продавав дрога. И просев за пари пред продавница. Просењето беше вообичаено, некогаш дури и навечер, кога фрлаа големи биг-мекови, ние ги земавме од канта за отпадоци“, рече Евра кој напомена дека го спасил фудбалот.

„Кога имав 17 години патувавме во Италија. Се сеќавам кога стигнавме, седевме на ручек и ни носеа храна. Заминав во соба, бев во тренерка и ја повикав мајка ми и реков дека тука е како во рајот“, вели Евра.

Евра играше за Марсал, Монца, Ница, Монако, Манчестер Јунајтед, Јувентус, Марсеј и Вест Хем. Одигра 734 натпревари во кариерата, а за репрезентацијата на Франција одигра 81 настап.

Се вчитува...