Евра: Верувам дека Аморим е подготвен да загине за Манчестер Јунајтед

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра, застана во одбрана на актуелниот менаџер Рубен Аморим, кој е под се поголем притисок поради осцилаторните резултати во последно време.

Евра истакна дека има целосна доверба во Аморим, велејќи дека е човек кој го става на прво место клубот, за разлика од некои претходни тренери.

„Му верувам, дури и во тешки времиња. Во моментов, тој е некој што би загинал за клубот. Тој е човек кој го става клубот на прво место, а не себе си, за разлика на некои претходни тренери. Можеби му недостасуваат играчи. Искрено, гледањето на Јунајтед е како играње рулет. Никогаш не знаете што ќе добиете. Тие може да поведат за едната минута, а веќе следната да губат. Никогаш не може да го предвидите мечот на Јунајтед“, изјави Евра.

Се вчитува...