Поранешниот лев бек на Франција и Манчестер jунајтед, Патрис Евра, објави дека ќе го има своето деби во ММА за време на настанот на Професионалната лига на борци (ПФЛ) во Париз, во петок, 23. мај.
ПФЛ ја потврди оваа прилично неочекувана вест.
„Не можам да ви опишам колку бил возбуден Патрис што ќе биде дел од ова. Ќе видите нешо неверојатно во „Берси арената“. Доаѓаме да организираме уште една историска вечер на ММА, не пропуштајте“, изјави извршниот директор на ПФЛ Пит Мареј.
Евра ја започнал својата обука за боречки вештини во 2016 година заедно со француската суперѕвезда на ПФЛ, Седрик Думбе, близок пријател на поранешниот дефанзивец.
„Настапував на најголемите сцени во светот, го освоив секој голем трофеј во фудбалот, но ПФЛ Европа Париз ќе биде неверојатно посебна вечер за мене. Со години тренирам заедно со најдобрите во светот, а тие исто така ќе ви кажат дека сум подготвен за ова. Ќе приредам шоу“, изјави Евра.
ПФЛ сè уште не објави кој ќе се соочи со Евра во „СмартКејџ“. Иако францускиот репрезентативец веќе се пошегува дека би сакал да се бори… поранешниот напаѓач на Ливерпул, Луис Суарез. Уругвајскиот репрезентативец употреби расистички навреди насочени кон Евра за време на натпреварот од Премиерлигата помеѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед, што доведе до суспензија од 8 натпревари на Суарез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА