Македонскиот напаѓач Илија Несторовски е најзаслужниот за победата на Славен Белупо од 2-1 против Истра во 5. коло од Суперлигата на Хрватска.
По израмнетото прво полувреме кое заврши 1-1, во второто полувреме победата за домашните ја донесе Несторовски.
Македонскиот офанзивец постигна евро-гол со неверојатен шут од 18 метри кој заврши под гредата од голот на гостите.
ПОГОДОКОТ НА ИЛИЈА НЕСТОРОВСКИ МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

