Со евроголот на капитенот Горан Закариќ, Вардар славеше на третиот контрлен натпревар на подготовките во Словенија против Рапид Букурешт.
Вардаровиот капитен уште во 8. минута од дваесетина метри погоди во горниот десен агол од голот на Рапид, и тој погодок беше доволен за славје на „црвено-црните“, второ на подготовките после победата над Будуќност, и поразот од Олимпија Љубљана.
Последната контрола на Вардар е против словенечкиот тим Марибор на 28.06, а ќе се игра и генерална проба на 03.07 пред натпреварите против Ла Фиорита од Сан Марино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

