Македонските кошаркари денеска го одржаа првиот тренинг во мини-подготовките пред завршните две средби од квалификациите за Евробаскет 2025. В петок гостуваме во Талин на Естонија, меч на кој ќе мора да се слави со најмалку пет поени разлика за да се има подобар меѓусебен скор, а потоа и да се атакува на триумф во последното коло во Скопје против Полска.
„Црвено-жолтите“ се наоѓаат пред тешка, но во никој случај не и невозможна мисија, особено ако се знае дека во своите редови ќе ги имаме и Нено Димитријевиќ и Ти-Џеј Шортс.
На бековската позиција дефинитивно ќе бидеме посилни и од двата противника, нашите кошаркари се подготвени за битка, a главна цел ќе биде со максимална борбеност да ги покриеме проблемите со кои се соочуваме на центарската позиција.
Македонија предводена од Димитријевиќ со фуриозна партија веќе на гостински терен ја преслуша Полска, а сега со Нено и со Шортс во тимот дефинитивно имаме за што да сонуваме и пред дуелот во Талин…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА