Евробаскет 2029 ќе се одржи во соседството?

По успешната организација на квалификацискиот турнир за место на Летните олимписки игри во Париз, грчката кошаркарска федерација веќе испратила желба до ФИБА за организација на Евробаскетот во 2029 година, пренесуваат грчките медиуми.

Грција не била домаќин на едно големо кошаркарско натпреварување цели 26 години, но во периодот од 1987 до 1998 година нашиот јужен сосед беше домаќин на три големи кошаркарски натпреварувања – Европското првенство во 1987 и 1995 година, како и Светското првенство во 1998 година.

Оваа информација ја потврди и претседателот на грчката кошаркарска федерација, Вангелис Лиолос.

„Тоа што им го реков на луѓето од ФИБА е дека ќе ја вратиме организацијата на големите натпреварувања. Мислам дека сме подготвени да влеземе во трка. Да, постои можност Евробаскетот за пет години да бидат одигран тука и не само групната фаза туку и завршницата“, изјави Лиолос.

Се вчитува...