Гершон Јабуселе е именуван за нов капитен на француската кошаркарска репрезентација која ќе настапи со преполовен состав на престојниот Евробаскет кој ќе се одржи од крајот на месец август до средината на месец септември.
Крилниот кошаркар не го крие задоволството и вели дека носењето на капитенската лента е чест, а се осврна и кон предизвикот наречен Евробаскет кој според него е можеби и најтешкото натпреварување.
„Бев свесен дека сум еден од ветераните, но не го очекував ова. Чест е да бидеш избран за капитен, дури и ако тоа не ја менува мојата улога на теренот. Ќе мора да бидам пример, на теренот и надвор од него. Клучно е секогаш да имаш позитивен став, за целиот тим, па дури и ако во личниот план не е се така позитивно“, изјави Јабуселе кој се осврна и на предизвикот наречен Евробаскет на кој за Франција ќе дебитираат седум кошаркари кои не играле на едно големо натпреварување.
„Се обидуваме да објасиме дека Евробаскетот е исклучително тешко натпреварвање, најтешкото од сите. Од 1/16 финале секој натпревар е да бидеш или не. Ќе бидед многу напорно, интензивно и сите мораат да бидат исклучитено фокусирани на победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

