Промените во Партизан во турболентната сезона продолжуваат со уште едно заминување од составот. Тоа ќе биде Мике Муринен, младиот Финец кој не се снајде во европската кошарка.
Муринен пристигна во Партизан како засилување за долги стази по сензационалниот настап на Евробаскетот, но издржа само четири и пол месеци.
Според српските медиуми тој заминува од „црно-белите“ редови по вчерашниот натпревар со Будуќност и се очекува кариерата да ја продолжи во САД каде и настапуваше пред потписот со Партизан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

