Дарко Чурлинов продолжи со одличните изданија во дресот на Јагиелонија откако македонскиот репрезентативец постигна прекрасен погодок во триумфот над Корона од 3-1.
Токму Чурлинов стави печат на победата со најубавиот потег на натпреварот, откако нашиот ас со извонреден волеј-удар го матираше гостинскиот голман.
„Пресреќен сум што повторно добив шанса, но најмногу од се што помогнав на тимот. Водевме со 2-1, имавме шанси што не ги реализиравме и прекрасно беше да се стави печат на победата. Што да кажам за мојот гол…кога ќе ти дојде топката на таков начин, мораш да шутнеш… Секако, презадоволен сум што заврши во мрежата“, истакна Чурлинов по постигнатиот еврогол.
🇵🇱 Darko Churlinov continues his good form with Jagiellonia Bialystok, scoring a brilliant volley.
Loan moving proving to be a success so far.
Finishing, one of the areas Churlinov needs to continue improving in. Already has the movement & instinct.pic.twitter.com/QGpwnThnCe
— Football Macedonia (@MacedonianFoot_) October 27, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА