Само четири погодоци по првите 45 минути во претпоследното, 32. коло, во Првата македонска фудбалска лига.
Силекс има предност од 2-0 против Работнички во резултатски безначаен натпревар за двете екипи, а Шкупи со идентични 2-0 води против Македонија ЃП во Чаир.
Кратовци поведоа уште во 19. минута со голот на Марко Ѓорѓиевски, а во 32. минута Давид Манасиевски постигна еврогол со шут од 20 метри за 2-0.
Шкупи, пак, поведе против „лавовите“ со голот на Сандеј Адетунџи во 38. минута од средбата, а Адем зголеми на 2-0 во 45. минута.
На дуелите во Кавадарци, Тетово и во Штип нема погодоци.
ПМФЛ – 32. КОЛО (прво полувреме)
Тетово: ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ 0-0
Штип: БРЕГАЛНИЦА – АК. ПАНДЕВ 0-0
Кавадарци: ТИКВЕШ – СКОПЈЕ 0-0
Кратово: СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 2-0
Ѓорѓиевски 19′, Манасиевски 32′
Скопје: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-0
Адетунџи 38′, Адем 45′
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

