Еврогол на Де Бруине, Белгија ја наполни мрежата на Казахстан (видео)

Белгија ја оправда фаворитската улога на домашен терен против Казахстан славејќи со 6-0 и враќајќи се на второто место на табелата, со еден бод заостанување и меч помалку во однос на Македонија.

Разликата во квалитет на вечерашниот дуел беше очигледна, но сепак на првиот гол се чекаше се до 43. минута кога Де Бруине со маестрален удар од работ на шеснаесетникот го матираше противничкиот голман. Веќе во следниот напад беше 2-0, Де Бруине ја имаше улогата на асистент, а Доку ја удвои предноста на белгискиот национален тим.

Раскин биеше прецизно во 51. минута за предност од 3-0, пред Доку со својот втор гол на мечот да зголеми на 4-0. Печат на победата стави Де Бруине, кој по вторпат го совлада казахстанскиот голман, пред конечните 6-0 да ги постави Муние.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...