Реал Мадрид останува во трката за титулата во шпанска Ла Лига со Барселона, откако вечерва на гостински терен го совлада Гетафе минимално со 1-0. Со тоа разликата меѓу двата големи ривали одново е четири бодови.
Стрелец на единствениот гол беше Арда Гулер, кој главно почнува како резерва, па на овој меч имаше можност да биде стартер. По еден против напад кој го почна Винициус, додаде до Диаз, па блок од одбраната на Гетафе, топката стигна до Гулер кој од 22-23 метри успа да упати „бомба“ која заврши во мрежата на домашните.
Во финишот од средбата Гетафе можеше да стигне до израмнување, но Куртоа мораше да ги спасува кралевите.
Голем пех за Реал Мадрид може да преставува повредата на Едуардо Камавинга кој само што влезе во игра, се повреди и мораше да го напушти теренот.
Во вториот натпревар вечерва, Реал Сосиедад доживеа непријатен пораз од Алавес со 1-0. Тенаља во 65. минута беше стрелец на единствениот гол вреден победа, која многу ќе значи во битката за опстанокот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА