Шпанија изненадувачки ремизираше против Мароко (2-2), но ќе патува во осминафиналето како првопласирана селекција од групата Б, а за противник ќе го има домаќинот Русија. Ова затоа што и Португалците примија гол во самиот финиш и само ремизираа (1-1) против селекцијата на Иран. И двете селекции имаат по пет бода, но поради подобра гол – разлика, „црвената фурија“ ќе вкрсти против Русија, додека Португалија ќе ги одмери силите со Уругвај.
„Црвената фурија“ одигра очајно слабо во одбраната, а грешката на Иниеста и на Рамос ја искористи Калид Бутаиб во 14.минута за водство за аутсајдерот. Само пет минути подоцна, Шпанците израмнија со голот на Иско, по асистенцијата на Иниеста. Но, во вториот дел, Јусеф Ел Несири во 81.минута со одличен удар со глава по корнерот од десната страна, донесе ново водство за Мароканците. Во 90.минута, Иаго Аспас сепак ја спаси „црвената фурија“ од пораз, а со тоа дојде и до првото место во групата Б/
Португалија ремизираше со Иран (1-1) и го освои второто место во групата Б. Рикардо Кварезма со фантастичен погодок во 45.минута донесе водство за актуелниот европски првак, а во последмите мигови од мечот, Карим Ансарифард од пенал донесе израмнување. Кристијано Роналдо на овој меч промаши пенал, откако во 53.минута голманот Беиранванд го одбрани неговиот удар.
I could watch this all day. Amazing from Quaresma. ? pic.twitter.com/hY16pHwHIE
— World Cup (@FlFAWC2018) June 25, 2018
Karim Ansarifard Scores from penalty spot (1-1) pic.twitter.com/colIQ2faAb
— Omargenasyde bennettVevo (@Omarbennett16) June 25, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА