Баерн Минхен го продолжи победничкиот поход во Бундеслигата откако во 10. коло славеше на гостувањето кај Сент Паули со минимални 0-1 и тоа благодарение на евроголот на Џамал Мусиала.
Германскиот репрезентативец во 22. минути упати неодбранлив шут кон противничкиот голман со што ги освои симпатиите на фудбалските навивачи.
How Jamal Musiala steals that ball beforehand is one of his most underrated strenghts, the finish afterwards is just utter madness. Now even adding elite ball-striking to his game, scary times.. pic.twitter.com/1cwULb2Qhf
— Complaxes (@Complaxes) November 9, 2024
Борусија Дортмунд одново ги разочара своите навивачи забележувајќи нов пораз, овој пат на гостувањето кај Маинц со 3-1.
Во полза на „милионерите“ не беше црвениот картон кој го заработи Чан во 27. минута па со играч помалку беше инфериорен на теренот.
Актуелниот шампион Баер Леверкузен пак ја продолжи низата од нерешени натпревари ремизирајќи и трет пат по ред, овој пат на гостувањето кај Бохум со 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА