Томас Тухел сстигна и до втората победа како селектор на Англија откако „гордиот албион“ вечерва рутински славеше над Летонија со 3-0. Рис Џејмс беше фудбалерот што го одбележа првото полувреме, откако десниот бек на Челси постигна фантастичен погодок од слободен удар. Летонците беа сконцентрирани на дефанзива, а Англичаните го искористија тоа за да псотигнат уште два погодоци во второто полувреме, преку Кејн и Езе.
Селекцијата на БиХ одлично го стартуваше овој квалификациски циклус, во второто коло стигнувајќи и до втората победа. Откако пред неколку дена во Букурешт ја совладаа Романија, избраниците на селекторот Барбарез вечерва на домашен терен беа подобри од Кипар (2-1). Един Џеко поради повреда не настапи на овој натпревар, но Босанците најдоа начин да стигнат до цел плен, победничкиот гол беше дело на Хајрадиновиќ во 57. минута.
Албанија ја оправда фаворитската улога на домашниот натпревар со Андора (3-0), меч што беше решен уште во првите 19 минути со двата гола што ги постигна Манај. Конечните 3-0 во самиот финиш ги постави „резервистот“ Узуни.
Полска и без помошта на Роберт Левандовски како стартер рутински ја одработе задачата против Малта триумфирајќи со 2-0, благодарение на двојниот стрелец Свидерски. Интересно, асот на Барселона не беше меѓу првите единаесетмина, но беше уфрлен во игра од селекторот во 63. минута, иако победникот на овој дуел веќе беше решен.
Литванија ја прекина серијата порази ремизирајќи против Финска (2-2), и тоа откако Финците имаа предност од 0-2, но домашната селекција преку Куцис и Гинеитис стигна до еден бод.
Романија немаше проблеми да стигне до три бода на гостувањето против аутсајдерот Сан Марино, рутински триумфирајќи со убедливи 1-5.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА