Фудбалерите на Арсенал им се вратија на победите во домашниот шампионат откако денеска во првиот натпревар од 5. коло од Премиерлигата славеа на домашен терен против Нотингем форест со 3-0.
Водство за „топчиите“ од 1-0 донесе Зубименди со еврогол во 32. минута. На 2-0 зголеми Ѓокереш во 46. минута, додека конечните 3-0 со својот втор гол ги постави Зубименди. Проблем за Артета може да биде повредата на Одегард кој мораше да го напушти теренот уште во 18. минута.
Деби на клупата на Нотингем на овој меч имаше Енџи Постекоглу.
Alternative Angles of Zubimendi's goal vs Nottingham 32'
byu/xggq insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

