Еврогол: За ова ремек-дело на Стефан Ристовски уште долго ќе се говори (Видео)

Стефан Ристовски во топ-форма го дочека стартот на сезоната, македонскиот интернационалец беше стрелец на победничкиот гол минатиот викенд на дербито во Осијек, а вечерва постигна феноменален погодок за предност против Шибеник.

Се играше раната фаза од мечот на „Максимир“ кога Ристовски тргна во противничката половина, одлично втрча и потоа со маестрален удар од работ на шеснаесетникот го матираше противничкиот голман.

Погледнете ја мајсторијата на македонскиот десен бек во дресот на Динамо Загреб на ОВОЈ ЛИНК.

 

Се вчитува...