Евроголот на Тодороски недоволен за триумф на ТСЦ (видео)

Андреј Тодороски продолжува со извонредните настапи во дресот на ТСЦ од стартот на сезонава, откако македонскиот репрезентативец постигна прекрасен погодок на денешниот меч со Јавор.

ТСЦ поведе во 40. минута токму благодарение на ремек-делото на Тодороски, кој со прекрасен удар од дваесетина метри го матираше гостинскиот голман. За жал, тоа се покажа недоволно за триумф откако Јавор постигна гол буквално во последните секунди израмнувајќи на конечните 2-2.

Ремек-делото на македонскиот фудбалер на дуелот одигран во Бачка Топола можете да го погледнете од временскиот исечок од 1:57 на следното видео со најинтересните моменти од натпреварот…

Се вчитува...