Кошаркарите на Армани го победија Панатинаикос на свој терен со 96-89, во 15. коло од Евролигата.
Армани до победата го водеше Армони Брукс со 26 поени, пет скока и две асистенции, по него следуваше Зак Ледеј со 15 поени и четири скока. Шевон Шилдс исто така имаше двоцифрен број на поени -13, со три скока и асистенции, додека Џош Ниебо постигна 10 поени со пет скока.
Кај Панатинаикос се истакна Костас Слукас со 19 поени и седум скока, по него следуваше Кендрик Нан со 17 поени, три скока и пет асистенции. Хуанчо Ернангомез со 13, Кенет Ферид со 10 поени и осум скока исто така имаа двоцифрен број на поени, а македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс имаше 11 поени со два скока и две асистенции.
Кошаркарите на Валенсија, пак, го победија Ефес со 94-82. Екипата на Педро Мартинез продолжи со добри игри, запишувајќи го својот 10-ти триумф во сезоната, додека турскиот тим продолжи со својата агонија и го запиша својот 10-ти пораз.
Кам Тејлор беше најдобар во победничкиот тим со 20 поени (рекорд во кариерата во Ел) и пет скока, Прадиља постигна 14, со четири скока и три асистенции. Костело имаше добра улога и во Ројд Арена, кој помогна со 15 поени и 5 фатени топки.
Во тимот на Ефес, Џордан Лојд постигна 18 поени, исто колку и Ајсеа Корндинија.
Валенсија е на врвот на табелата со скор од 10-5, додека Фес сега е 5-10 во вториот дел од табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

