ЕВРОЛИГА: Барселона подобра од Баерн, Олимпија Милано триумфално од Белград

Само две победи на домашните екипи во вкупно шесте натпревари вечерва во кошаркарската Евролига. Фенербахче на домашен терен беше подобар од тимот на Лион, додека Барселона со пресврт во финишот го совлада составот на Баерн.

Фенербахче благодарение на одличната последна четвртина која ја доби со осум разлика, на крајот успеа да го совлада составот на Лион Вилербан со 85-76. Црвена Звезда на свој терен во Белград е поразен од Олимпија Милано. Српскиот тим имаше минимална предност по првата четвртина, но потоа потклекна во втората и третата, со што Италијанците успеаја да дојдат до победа.

Макаби Тел Авив беше подобар од Жалигирис со 94-78, а Зенит ја совлада Басконија со 90-82.

Во дербито на вечерва, Барселона на свој терен со многу проблеми беше поуспешна од Баерн. Германскиот тим во последната чевртина имаше водство речиси се до пред самиот крај (едно време и со пет разлика), но благодарение на серијата на Барселона од 10-0, дојде до предност која ја одржи до крајот на мечот.

РЕЗУЛТАТИ

Фенербахче – Лион 85-76
Ц. Звезда – Милано 57-63
Жалгирис – Макаби ТА 78-94
Панатинаикос – Монако 83-91
Басконија – Зенит 82-90
Барселона – Баерн 71-66

Се вчитува...