Евролига: Барселона прегазена од Макаби, победа и на Милано

Барселона го претрпе најголемиот пораз во ерата на Шарунас Јасикевичиус откако во 34. коло од Евролигата загуби со 80-104 од Макаби Тел Авив. Предводник на гостите со 20 поени беше Вилбекин, додека на спротивната страна се истакна Арбињес со 17 поени и 4 скока.

На победа се радуваше и Олимпија Милано која го доби неизвесниот натпревар во Франција против АСВЕЛ со 80-81. Лајти беше прво име кај домаќините со 28 поени и 5 скока, додека 24 поени и 5 скока за гостите постигна Дилејни.

Се вчитува...