ЕВРОЛИГА: Барселона славеше во Истанбул со звукот на сирената, пораз за Црвена Звезда

Денеска се одиграа пет натпревари од кошаркарската Евролига, а дербито беше во Истанбул каде што гостуваше Барселона. На крајот шпанскиот тим славеше со 76:74, благодарение на одличната втора четвртина која што ја добија „Каталонците“ со 20:9. Победата стигна со звукот на сирената кога Никола Миротиќ погоди за голем триумф на Барса.

Залудни беа 24-те поени на Јан Весели за Фенер. Хигинс постигна 19 за Барселона.

Монако со 70:62 славеше над Црвена Звезда. Црвена Звезда слабо го отвори мечот (ја загуби првата четвртина со 21:12), потоа се потешко се враќаше, и покрај тоа што ги доби следните две четвртини. Сепак, на крајот Монако успеа да дојде до предност во последниот период, и да го добие мечот.

Олимпијакос беше поуспешен од Алба Берлин со 87:83, а Макаби Тел Авив славеше над Жалгирис 76:62.

Баерн Минхен со 83:77 го совлада тимот на Милано.

РЕЗУЛТАТИ:

Монако – Ц. Звезда 70:62

Фенербахче – Барселона 74:76

Олимпиакос – Алба Берлин 87:83

Макаби ТА – Жалгирис 76:62

Баерн – Милано 83:77

Се вчитува...