Евролига: Драмата во Келн со среќен крај за Ефес

Ефес е првиот патник во финалето од Ф4 турнирот на Евролигата откако во полуфиналето ја совлада московската ЦСКА со 86-89 во драматична завршница. Турскиот состав го дикитраше темпото од самиот почеток на мечот во третата четвртина имаше и предност од 21 поен, но ЦСКА блесна во последните десет минути во кои стигна и до негатива од само еден поен.

Ефес иницијативата ја превзема на самото отварањето на мечот во кој избраниците на Атаман блирираа на паркетот. Турскиот состав постигна 25, а прими само 15 поени во првата четвртина за двоцифрена предност по првите 10. минути. Добриот ритам на Ефес продолжи и до полувремето до кое разликата се зголеми на +12 (37-49).  Избраниците на Атаман продолжија да го диктираат темпото и во третата четврина во која во еден момент стигнаа и до +21, а на влезот на последните 10. минути има предност од 55-71. Московскиот состав конечно заигра на нивото во последната четвртина во која постигна 31 поен, а беше и на врвот на задачата во одбраната со што стигна до негатива од само еден напад, а имаше и шанса да направи целосен пресврт. На ЦСКА му припадна и последниот напад на средбата, но при резултат 86-88, Клајбурн промаши шут за три поени.

Вил Клајбурн беше првото име во редовите на ЦСКА Москва со 26 поени и 7 скока, додека него го следеше Хакет со 17 поени и 3 скока. Василије Мициќ беше првото име во редовите на Ефес со 25 поени и 6 асистенции, додека Шанли додаде 19 поени и 8 скока.

Се вчитува...