Екипата на Басконија беше подобра од европскиот првак Ефес во натпревар од кошаркарската Евролига. Победата од 13 разлика беше издвојувана во вториот дел, кога домашниот тим убедливо ги доби двете последни четвртини за триумф од 13 разлика.
Ефес беше тимот кој доминираше во првиот дел, кога имаше предност од седум разлика, но во вториот делтаа разлика се стопи. Последните две четвртини ги доби Басконија со 26-15 и 25-16 за на крај убедлив триумф.
Интересно, најефикасните играчи се од Ефес. Мициќ постигна 23 поени, додека Ларкин даде 21 поен. Болдвин кај Басконија беше најефикасен со 20 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА