Вечерва се одиграа четири натпревари од кошаркарската Евролига, во која Реал Мадрид само ја одбрани честа на гостите, додека во другите три меча триуфмираа домашните екипи.
Жалгирис со 76:69 го совладаа составот на Панатиниакос. Благодарение на одличната игра во првата четвртина, литванскиот тим направи разлика која ја одржуваше до крајот на мечот за конечен триумф.
Реал Мадрид со 87:74 го победи Лион Вилербан. И „кралевите“ со одлична игра во првата четвртина успеа да создаде голема разлика, а потоа и во третата направи добра предност, која ја задржа до крајот.
Црвена Звезда по катастрофалната втора четвртина, е поразена во Баскија кај тимот на Басконија. Шпанскиот тим со 30:10 ја доби втората четвртина, откако во првата Звезда добро се држеше и имаше само негатива од три разлика. На крајот триумф од 19 разлика за домашните – 93:74.
Баерн Минхен го совлада составот на Фенербахче на домашен терен со 71:63. Германците имаа контрола на играта во текот на целиот меч, направија предност која ја држеа мудро до крај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА