Монако славеше со 87-75 над Асвел во француската пресметка од Евролигата, дуел во кој „кнезовите“ од почеток до крај го контролираа резултатот и заслужено се радуваа на победата. Кошаркарите на Асвел успеаја да се приближат на четири поени пред крајот на третата четвртина, но Монако имаше одговор во клучните моменти и стигна до заслужена победа.
Лојд со 19 поени беше најефикасен во таборот на Монако, а домаќините победија и покрај слабото издание на Мајк Џејмс, кој стигна до 10 поени со катастрофален шут (1/2 за три, 2/9 за два поени).
Жалгирис ја прекина серијата од три порази во Евролигата славејќи на домашен терен над Басконија со 79-75. Дуелот беше максимално израмнет, а гостите немаа доволно концентрација во нападот во финишот, па Жалгирис благодарение на Смитс и на Димса ја запечати победата.
Токму Смитс со 20 поени беше најефикасен во победничкиот тим, пред Улановас со 16 и Браздеикис со 15 постигнати поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА