Нов кошаркарски поредок во Европа би можел да ја види светлината на денот. Деловите полека се спојуваат, но едно е особено важно.
Доаѓањето на Чус Буено како генерален менаџер на елитното европско натпреварување послужи како мост помеѓу Стариот континент и Соединетите Американски Држави, што би можело да донесе синергија во двете најпопуларни клупски натпреварувања во светот.
„Имам одличен однос со Адам Силвер и Марк Тејтум, тие ја отворија колекцијата документи за луѓе кои се заинтересирани за проектот. Се согласивме дека кога ќе заврши тој процес на 26 или 27 март, ќе седнеме заедно и ќе разговараме. Тие самите рекоа дека се возбудени од можноста за постигнување договор“, изјави Шпанецот за „Мундо Депортиво“.
Потоа, тој откри дека првенствено сака спојување со најсилната лига во светот, за која некогаш работел.
„Постојат две сценарија. Ако НБА собере 5.000.000.000 долари, тоа би било одлично за европската кошарка. Никогаш не сме имале толку многу пари. Во тој случај, би морале да направиме план како најдобро да ја искористиме таквата можност. Најлогичното решение тогаш би било спојување на двете натпреварувања, за да не се подели пазарот и да се разводни квалитетот. Најдобро би било да се работи заедно, со одредени компромиси.“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

