Сезоната во кошаркарската Евролига и официјално е прекината. Ова е одлуката што денеска ја донесе Лигата и 11-те клуба со А лиценца. Предлогот бил на Жори Бартомеу, а се согласиле и клубовите. И играчите испратија писмо во кое бараа да нема продолжување на сезоната.
Според дел од најавите нема да има ниту шампион, а во следната сеозна ќе играат истите 18 екипи од ова првенство, додека пак во другата опција клубовите следната сезона ќе има две групи со по 12 тимови. Официјална потврда се очекува наскоро.
Откажувањето се однесува и на Еврокупот. Според проценките на Бартомеу и на претставниците на клубовите нема услови за продолжување на шампионатот. Евролигашката сезона беше прекината на 12.март поради кризата со коронавирусот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА