Реал Мадрид стигна до рутински триумф на домашен терен над Црвена Звезда од 79-67. По израмнетото прво полувреме по кое на пауза се замина во егал (32-32), домаќините клучната разлика ја направија во третиот период кој го добија со единаесет поени и пред последната четвртина имаа предност од 67-56.
До крајот успеаја да го задржат водството за конечен триумф од 79-67. Најдобар поединец во побендичкиот табор беше Таварез со 15 поени, додека кај поразените Холинс запиша еден поен повеќе.
Во вториот меч од вечерашната програма во крајно возбудлив натпревар Баерн Минхен славеше минимално над Панатинаикос со 81-78.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА