Во драматичен натпревар, до крај неизвесен, кошаркарите на Реал Мадрид славеа со 71-75 на гостувањето против Зенит во 28. коло од Евролигата.
Дуелот почна комплетно со доминација на „кралевите“ кои уште во првиот период од играта се стекнаа со предност од 13-24. Но, потоа се разиграа домашните кои презедоа се во свои раце, па во последната четвртина влегоа со предност од 58-52.
Но, во драматична завршница на крајот, Реал успеа да дојде до пресврт за конечна победа од 71-75.
Најефикасен во победничкиот тим беше Волтер Тавареш со 16 поени, а Габриел Дек заврши со 15 постигнати поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА