Наместо досегашните 16, од сеозната 2019/20 најквалитетното кошаркарско клубско натпреварување во Европа ќе има 18 екипи. Ваква одлука донесе Бордот на Лигата на денешниот состанок во Тел Авив.
Покрај одлуката за проширување раководството на Евролига му одобри и двегодишна лиценца на францускиот Асвел. Клубот кој е во сопственот на Тони Паркер ги исполнил критериумите кои беа поставени. Претходно и Баерн Минхен кој сега се натпреварува како германски шампион доби лиценца за две години. Во моментов лиценци имаат Ефес, Фенербахче, Панатинаикос, Басконија, Макаби, Реал, Армани, Жалгирис, Барселона и Олимпијакос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА