Екипата на Олимпија Милано му го нанесе 13-тиот пораз на тимот на Партизан во Евролигата. Италијанците после очајната прва четвртина, воспоставија ред и ја презедоа иницијативата, со што направија пресврт и потоа мирно до крајот го држеа водството. Пресвртот се случи на крајот од полувремето кога Олимпија замина со еден поен предност, за во третата да ја зголеми на три. Во четвртата четвртина, пак, тимот од Белград немаше сила да дојде до ново водство, а тимот на Милано беше ефикасен и убедливо го доби последниот период за конечен триумф од 76-62.
Најнеизвесен од денешните натпревари беше дуелот помеѓу Реал Мадрид и Валенсија. „Кралевите“ добро се намачија да дојдат до триумфот, во финишот беа со посилни нерви и на крајот славеа триумф. Иако речиси во целиот меч имаа предност, сепак, на крајот Валенсија се доближи до само еден поен негатива. Меѓутоа Реал на крајот направи серија и славеше со 95-91.
Во првиот меч одигран денеска, Виртус Болоња беше убедлив против Алба Берлин и победи со 96-74. Уште од самиот почеток на средбата Италијанците се стекнаа со одлична предност, која само ја зголемуваа за на крајот висока победа од 22 разлика. Вимс беше најефикасен со 22 поени, додека Теодосиќ постигна 21.
Уште поубедлив триумф оствари тимот на Олимпијакос над Баерн Минхен. На крајот грчкиот тим оствари триумф од 102-74. Омимпијакос имаше предност уште на полувремето со 20 разлика, а во третиот период „Баварците“ намалија, но целосен потоп им се случи во последниот период кој Грците го добија со 21:9. Најефикасен беше Везенков со 18 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА