Реал Мадрид и покрај сите проблеми славеше на домашен терен против ЦСКА Москва со 71-65. „Кралевите“ ги победнија „армејците“, но ја победија и короната која создаде сериозни проблеми во тимот. Поради позитивни случаи мадридскиот клуб беше приморан да игра со тројца 17-годишници (Гаруба, Милер и Клавзар) и еден 18-годишник (Тристан Вукчевиќ), а притоа настапи и без тренерот Пабло Ласо.
Предводници на Реал Мадрид беа Вилијамс-Гос со 17 поени, 6 скока и 5 асистенции и Таварес со дабл-дабл од 15 поени и 10 скока, додека кај гостите од Москва најрасположен беше Клајбурн со 16 поени и 13 скока. Никола Милутинов мечот го заврши со 13 поени и 10 скока.
Грчкото вечно дерби во Евролигата му припадна на Олимпијакос кој славеше на гостувањето во „Оака“ против Панатинаикос со 65-84. Тајлер Дорси беше предводник на „црно-белите“ со 18 поени и 3 асистенции, додека Немања Недовиќ беше лидер на „зелените“ со 17 поени, 7 асистенции и 4 скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА