Евролига: Сезоната мора да заврши, можен е нов формат

Денешниот состанок на бордот на директори на Евролигата не донесе и конкретна одлука или датуми во кои се очекува да продолжат Евролигата и Еврокупот. Челниците на натпреварувањето имаат конкретен став – дека е императив сезоната да заврши, но за конкретен датум ќе може да се дискутира дури откако ќе се консолидира сиутаацијата со коронавирусот ширум Европа.

До крајот на Евролигата има уште шест кола, а потоа и четвртфинални двојки и фајналфор турнир, додека во Еврокупот завршија групните фази и сега претстојат нокаут натпреварувањата. Во соопштението до јавноста по денешниот состанок беше објавено:

  • – Натпреварувањето ќе се продолжи во моментот кога сситуацијата ќе дозволува такво нешто, кога ќе постојат оптимални здравствени и сигурносни услови за сите учесници, согласно препораките на релевантните здравствени авторитети и локалните власти.

  • – Приоритет е сезоната 2019/2020 да заврши по актуелниот формат, но тоа може да се промени. Најверојатно значи дека ќе биде пробиен рокот за Ф4 турнирот во мај, ќе биде неопходен позгуснат распоред на натпревари…

  • – Важно е сите актери во лигата (челниците на лигата, клубови, играчи, тренери, судии), да ја разберат својата улога и да бидат инспирација во борбата против коронавирусот на секој можен начин. Ова може да се оствари преку кревање на свеста околу тоа како заразата се шири, помагање на околината кога помошта ќе биде неопходна…

  • – Правилата за финансиски ферплеј ќе бидат пофлексибилни додека не се создаде јасна визија околу развојот на финансиската ситуација за во иднина.

Се вчитува...