Шарунас Јасикевичиус во својот прв натпревар против Барселона која ја водеше минатата сезона успеа да стигне до голема победа со Фенербахче (88-74).
Турците одиграа неверојатно прво полувреме и веќе на пауза имаа позитива од 21 поени (46-25). Гостите одиграа неверојатно во третиот период и успеаја да се приближат на само пет поени по 30 минути игра (62-57).
Сепак, тоа беше се од Каталонците, бидејќи тимот од Истанбул со фуриозна игра во последниот период на крајот стигна до триумф од 88-74. Скоти Вилбекин со 18 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените со ист број поени заврши Дарио Бризуела.
Во вториот натпревар од раната програма вечерва во Евролигата, Милано славеше на гостувањето кај Монако со 80-98. Кај победникот најдобар поединец беше Никола Миротиќ со 21 поен, додека кај поразените Диало постигна 18 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА