Евролига: Симиќ и помогна на Барса кон финалето, таму ги чека вечниот ривал, Реал Мадрид

Каталонскиот тим ја доби пресметката со Мега (79:77), а Македонецот заврши со четири поени и три скока. Теодор Симиќ и екипата на Барселона ќе играат во утрешното големо финале на јуниорската Евролига откако во одлучувачкиот дуел од групната фаза на турнирот во Валенсија, беа за два поени подобри од српската Мега СокерБет (79:77).

Теодор Симиќ беше дел од победничкиот мозаик на каталонците. За 11:22 минути во игра, македонскиот репрезентативвец реализираше четири поени (2/5 за два и 0/1 за еден поен) и три скока.

Во мечот за трофејот, утре од 11.часот, Барселона ќе се сретне со екипата на Реал Мдрид, кој стигна до првоот место во групата „А“, откако го победија и францускиот Асвел.

Се вчитува...