Со самиот крај на сезоната 2023/24 во Евролигата познато е колку пари ќе заработат дел од овосезонските учесници во најсилното европско кошаркарско првенство.
Најголема заработка од 1.75 милиони евра има шампионот Панатинаикос, а зад грчкиот тим е вицешампионот Реал Мадрид со заработка од 990 илјади евра. На Олимпијакос како трет му следуваат 870 илјади евра, а на Фенербахче 750 илјади евра.
Скромна заработка од 350 илјади евра му припадна на Партизан, додека Црвена Звезда која ја заврши камањата на 16. позиција на табелата нема да добие ниту денар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА