Кошаркарите на Црвена Звезда триумфираа против Макаби Тел Авив во Белград со 76-64 во 33. коло од Евролигата.
„Црвено-белите“ по двата претходни порази дојдоа до десеттата победа сезонава, додека Макаби остана на 13 победи и сега 18 порази.
Најдобар во тимот на Црвена Звезда беше Џордан Лојд со 21 поен, а Огњен Добриќ мечот го заврши со 13 постигнати поени. Во поразениот тим се издвои Дорси со 14 поени.
Баерн ја доби драмата со Жалгирис, победувајќи со 71-70, додека Панатинаикос во Атина по продолжение го победи Милано со 86-83. По продолжение триумфираше и Анадолу Ефес на гостувањето против Басконија со 101-111.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА