Вечерва се одиграа четири натпревари во кошаркарската Евролига, во кои честа на гостите ја спаси белградска Црвена Звезда која триумфираше над Валенсија „тесно“ со 77-75. Белградскиот тим во еден тежок меч успеа да направи одлична серија на гости, триумфирајќи на четвртото по ред гостување во Евролигата.
Петрушев беше најефикасен со 25 поени, додека Недовиќ постигна 19. Звезда беше хендикепирана со неиграњето на Кампацо кој не може да биде регистриран.
Европскиот првак Ефес благодарение на одличната партија на минатосезонскиот МВП Василије Мициќ, успеа да го совлада Лион Вилербан со 78-72. Клучна за победата беше последната четвртина во која Анадолу успеа да направи пресврт и да ја добие со 26-14, што беше на крајот одлучувачки за триумфотт. Мициќ постигна 22 поени.
Реал Мадрид без многу мака успеа да го совлада Макаби Тел Авив. Израелскиот тим немаше своја вечер, па во првата четвртина постигнаа само 7 поени, наспроти 22 на „кралевите“, низа по која Израелците никако не успеваа да се опорават.
Грчки Олимпијакос стигна до победа во дуелот со Армани со 82-66. Убедливиот триумф беше најавен уште по првиот дел кога Грците имаа водство, а особено во третиот период кој го добија со 15-6. Најефикасен беше Питерс со 16 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА