Евролига: Уникс го зема скалпот на Барселона, победи на Монако и Фенербахче

Уникс Казањ и го нанесе третиот пораз на Барселона во последните пет натпревари во Евролигата откако во Русија славеше со 70-64 на крилјата на Лорензо Браун. Американскиот интернационалец го преводеше својот тим со 22 поени и 8 асистенции, а него го следеше Марио Хезонја со дабл-дабл од 11 поени и 11 скока. Кај Барселона најрасположен беше Хигинс кој забележа 17 поени.

На победа се радуваше и Монако кој го доби гостувањето кај Зенит со 77-86. Мајк Џејмс беше лидер на гостите со 21 поен, 5 асистенции и 4 скока, додека домашниот тим го предводеше Мики со 18 поени на кои додаде и 3 скока.

Фенербахче стигна до втората победа во низа откако на домашен терен славеше против „фенерџијата“ Жалгирис со 73-67. Српскиот интернационалец Марко Гудуриќ беше енигма за гостите со 19 поени, 5 асистенции и 4 скока, додека Улановас беше прво име кај литванскиот тим со 16 поени и 7 скока.

Се вчитува...