Кошаркарите на Зенит стигнаа до третата победа во низа во Евролигата откако на домашен терен славеа со 73-71 над Макаби Тел Авив, нанесувајќи го седмиот пораз во низа на израелскиот клуб во најсилното европско натпреварување. Појтрес беше предводник на рускиот тим со 14 поени и 3 скока, додека на спротивната страна единствениот расположен беше Рејнолдс кој мечот го заврши со дабл-дабл од 24 поени и 11 скока.
На победа се радуваше и Басконија која на гостувањето во Минхен против Баерн славеше со 76-81 во меч во кој Болдвин со 30 поени и 6 скока и Костело со 23 поени и 9 скока беа енигма за одбраната на германскиот тим. Минхенскиот клуб го предводеше Риверс со 16 поени, а дабл-дабл учинок од 11 поени и 14 скока забележа Лучиќ.
We f*** did it! 💙❤️ pic.twitter.com/spGGHPoVXS
— Baskonia (@Baskonia) December 23, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА